МЕСИ Е ГОЛЕМ ЧОВЕК: Со убав гест ги избриша солзите на едно дете (ФОТО+ВИДЕО)

0
484

Сите сакаа да го видат Лионел Меси кога пристигна аргентинската репрезентација во Монтевидео каде во сабота ќе игра против тимот на Уругвај како дел од квалификациите за Светското првенство.

И додека сите останаа зад заштитната ограда, еден малечок обожавател успеа да се пробие низ обезбедувањето и да дотрча кон Меси, но редарите го фатија и молскавично го тргнаа на страна. Тука настапи Меси кој покажа дека не е само голем фудбалер, туку и голем човек.

Кога Меси го виде расплаканото дете, застана и им нареди на луѓето од неговата придружба да го вратат момчето кај него.

Тој го прегрна уплашеното дете и се фотографираше со него за да го утеши, а потоа секој си продолжи по својот пат.

Коментирај