Менковски: „Решавањето на македонското прашање е решение за мир на Балканот и во Европа“

0
420

Тони Менковски, правен застапник на Македонците од Бугарија во интервју за Нова Македонија одговараше на неколку прашања поврзани со македонското прашање.

Г. Менкиноски, заменик-премиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, г. Красимир Каракачанов, поведе кривична постапка против вас. Ќе може ли да ни објасните зошто и кој е поводот еден од највисоките претставници на извршната власт на земја-членка на Европската Унија да се осмели на еден ваков чекор?

– За жал, историјата негативно се повторува, некои феномени кај нашиот источен сосед како да живеат во времето на 1892 година, кога во Софија му е судено на Александар Караѓуле за конспиративна дејност дека се борел за македонска национална посебност и го поттикнувал отпорот на Македонците против Бугарската егзархија. Александар Караѓуле, како уредник на весникот „Македонски глас“, во последниот број објавил повик до сите Македонци во Бугарија да се борат за ослободување на Македонија. Поради тоа, тогашната бугарска влада, на чело со Стефан Стамболов, го апси Караѓуле Охридски и, заедно со други Македонци, го осудува на смрт со бесење во таканаречениот „Македонски процес“. За мачењата во софискиот затвор овој македонски патриот и музичар самиот си ја испеал песната „Послушајте патриоти“. Неговата жена Клио Караѓулева, во 1897 година, за овој настан објавува книга, која сѐ уште е забранета во Бугарија, со наслов „Едно сведоштво за себичниот тиранин Стефан Стамболов“, во која го опишува целиот настан.

И сега имаме ист контекст на збиднувања! Повторно заменик-премиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, г. Каракачанов, користејќи ги институциите на системот за репресија кон етничките Македонци од т.н. благоевградска област во Бугарија или Пиринска Македонија се обидува да ги заплаши, со намера тие да не ја истакнуваат својата македонска посебност здружени во културно-уметнички друштва! Но бидејќи сеништата од минатото би требало да се само кратки епизоди во сегашноста, Македонците не можејќи своите права да ги добијат во бугарската држава, истите тие ги поставија пред Европскиот суд за човекови права. Јас сум нивен бранител повеќе години во судот во Стразбур, а наедно тоа е и поводот за поднесување обвинение против мене како адвокат (притоа тој ја напаѓа и „Нова Македонија“ поради две статии поврзани со правата на македонското национално малцинство) и против основачите на овие организации, исто како во 1895 година – за „конспиративен процес против бугарската држава со намера за создавање македонска нација“!

Ќе сакате ли да ни појасните што точно се случува сега во Европскиот суд за човекови права и во Советот на Европа по ова прашање?

– Бугарија е на колена од ретроградниот процес што го спроведува со години по прашањето за Македонците и нивната посебност и право на здружување! Во моментов таа е под засилен мониторинг од страна на Советот на Европа, а неисполнувањето на пресудите и игнорирањето на препораките од европските институции може да го доведе под прашање и нејзиното исклучување од Советот на Европа. Внимавајте, Бугарија ја забрани политичката партија ОМО Илинден – ПИРИН, која успеа за многу краток период да собере 7.000 члена од потребните 5.000, партија што е членка на Европската слободна алијанса (ЕФА) и индиректно е присутна во Европскиот парламент, партија што покажа дека има повеќе членови отколку што официјална Софија за време на последните пописи попишува Македонци. Од друга страна, во изминативе месеци под страв од губење на процесот за здружението „Македонски клуб за етничка толеранција“ (нерегистрирана невладина организација од Република Бугарија) во Судот во Стразбур, Бугарија ги регистрира „Граѓанското здружение за заштита на основните човекови права“ и здружението „Антички Македонци“. Но за краток период и веднаш ги забрани, а со намера само да прикаже пред европските институции дека ги следи нивните упатства. Да не заборавиме, ваков несериозен однос и перманентно лажење ја доведоа Република Грција да биде исклучена од Советот на Европа, од 1969 година до 1974 година. Стравот од непризнавање на македонското малцинство може само да ја врати Бугарија назад во времето и надвор од цивилизираниот свет.

Целото интервју со Тони Менковски може да го прочитате ТУКА

Коментирај