Меланија и Барон Трамп нема да се преселат во Белата куќа?

0
933
SPL953766_001

Идната прва дама на САД и синот Барон нема да се преселат во Белата куќа по инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари, идната година, пишува New York Post.

Весникот се повикува на извори блиски до семејството Трамп, според кои 46-годишната Меланија и 10-годишниот Барон ќе останат да живеат во Trump Tower за да може момчето да го продолжи школувањето во приватното училиште во кое оди.

„Меланија е екстремно блиска со Барон и двајцата уште повеќе се зближија за време на кампањата, која беше тежок период за момчето“, вели изворот за New York Post.

melania-barron-tramp

Според други извори, Меланија ќе патува до Белата куќа кога е потребно, но нејзиниот примарен фокус е синот. Таа е многу посветена мајка која не се потпира на дадилки за одгледување на нејзиното дете.

„Меланија многу го поддржува сопругот и ќе ги исполнува должностите на првата дама на земјата, но таа исто така е посветена мајка“, вели изворот, според кој до крајот на школската година Меланија и Барон нема да се преселат во Белата куќа.

„Ако семејството навистина одлучи така, тогаш зградата Trump Tower ќе стане Белата куќа во Њујорк“, вели Џим Рис, поранешен командант на Делта Форс и претседател на TigerSwan, глобална безбедносна компанија базирана во Северна Каролина.

Според него, тајните служби ќе имаат многу работи обезбедувајќи ја целата област од потенцијални опасности, како детонации на бомби и слично.

Коментирај