Меквилсон: Следува признавање на МПЦ

0
393

Дејмон Меквилсон од Атлантскиот совет на САД најавува дека по признавањето на Украинската православна црква од страна на Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, следните две цркви кои ќе бидат признати како автокефални се македонската и црногорската црква.

Меквилсон ја даде најавата преку социјалните мрежи, два дена откако имаше заедничко обраќање со Никола Димитров во Атлантскиот совет.

dejmon-mekvilson

Оваа организација се залага за одржување на силна американска надворешна политика низ светот и промовирање на американските интереси, и го промовира одвојувањето на земји како Украина од руската сфера на влијание. Атлантскиот совет исто така го поддржуваше преземањето на власта во Македонија од страна на СДСМ и потпишувањето на договорот за преименување на Македонија со цел земјата да биде внесена во НАТО.

Извор:republika.mk

Коментирај