Мекгрегор се огласи по поразот: Судијата требаше да дозволи да паднам! (ВИДЕО)

0
714

Конор Мекгрегор изјави дека преферирал судијата да го остави да падне на земјата и да биде нокаутиран против Флојд Мејведер, наместо да го запира натпреварот во 10-тата рунда и да пресуди 50-та победа во кариерата на 40-годишниот Американец со технички нокаут.

„Мислам дека ги освоив првите рунди, тогаш тој мораше да го промени својот стил. Тоj е многу посмирен од мене, не дека е толку брз, или неговите удари се толку силни. Но, тој има трпеливост, признавам дека има голема кариера. Се надевам дека ги забавував навивачите, мислев дека натпреварот е еквивалентен, а неговото сопирање дојде малку порано отколку што сакав. Сакав судијата да остави мечот да продолжи, бев малку уморен, а се чувствував добро на почетокот, ја признавам оваа предност за него (Мејведер)“, изјави Ирецот по мечот.

„Сум бил пренесуван во живо на телевизија, и сум го следел развојот на настанаите. Тука самата атмосфера е многу поинаква. Бев уморен, но тој мораше да дозволи да паднам и да биде што ќе биде. Би сакал тој да ме оставеше во последните две рунди, дури и ако се тресев во аголот“, вели Мекгрегор.

„Мило ми е што знамето е со мене и мојата татковина е зад мене“, рече Мекгрегор во интервјуто на рингот непосредно по крајот на средбата.

Кога пред тоа отиде да го поздрави Мејведер, му рекол дека може да продолжи и дека Американецот бил голем шампион. Флојд исто посведочи за својата почит кон боречките квалитети на ММА ѕвездата, со што и двајцата демонстрираа различно однесување во споредба со медиумските кампањи за промовирање на мегадуелот.

Коментирај