Меѓународни набљудувачи: Нашата мисија регистрираше семејно гласање и поткуп на гласачи

0
391

Македонија доби позитивна оценка за организирање и спорведување на вториот круг од изборите, но меѓународните набљудувачи на терен вчера забележале семејно гласање и поткуп на гласачи во Штип и Струмица. Вакви забелешки до мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во земјава пристиглане и од опозициската партија. Очекуваат МВР да ги испитаат сите сомнежи за прекршување на избирачкото право.

Вториот круг на претседателските избори беше добро спроведен и помина во мирна и спокојна атмосфера. Сепак, и натаму загрижуваат недоследностите во законската рамка, заклучи меѓународната набљудувачка мисија за изборите во земјата на денешната прес-конференција.

Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Корин Јонкер рече дека изборите биле добро организирани во мирен и спокоен изборен ден и оти тоа покажува колку многу може да се постигне доколку постои политичка волја. Истакна дека медиумите известувале транспарентно и непристрасно. Кампањата изобилувала со бројни дебати на двајцата кандидати со што се овозможило информиран избор на гласачите. Но, сепак, според неа, меѓународните набљудувачи изразуваат сериозна загриженост околу законската рамка.

Во демократијата не се работи само за денот на изборите. Потребна е политичка волја за да се обезбеди дека вистински инклузивните законски реформи се проследени и со доследно спроведување што ја гради и одржува довербата на гласачите – рече Јонкер.

Таа како слабост го наведе фактот што нема доволна јасност за правилата за поднесување на извештаите за финансирање на кампањата.

На новинарско прашање да ги искоментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборни нерегуларности и дали нивната мисија забележала такви неправилности, Јонкер рече дека и тие се известени за тие неправилности.

Бевме известени за тоа. Знаеме дека и министерот за внатрешни работи кажа дека ќе постапува по нив, а покрај овие и обвинувања и нашата мисија можеше да воочи купување гласови. За тоа ќе можете да прочитате во нашиот детален извештај – рече Јонкер.

Во врска со тоа дали нивната мисија регистрирала случаи на семејно гласање или гласање за друг, Јонкер потврди дека забележале случаи на семејно гласање и за тоа исто така ќе биде наведено во нивниот детален извештај.

Специјалниот координатор и лидер на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ Серен Мобурн рече дека овој изборен циклус имал успешна завршница и гласачите можеле слободно да направат информиран избор меѓу кандидатите.

OBSE-pres-posle-izbori-2019

Вчерашната зголемена излезност на гласачите ја покажува одлучноста на населението да се обедини и да одговори на предизвиците со кои се соочува земјата. Сега преостанува политичкото лидерство да ја слушне оваа порака и да преземе вистински реформи што налага постојани политички одговори, со кохерентно и одржливо изборно законодавство – рече Мобурн.

Според неа, иако барањето за излезност од 40 проценти беше исполнето во овој случај, тоа, како што рече, создава потенцијал за повторени избори и оваа причина за загриженост ОДИХР ја има изразено и претходно. Таа истакна дека кампањата се спровела во мирно окружување и кандидатите и партиите вложиле напори да се обратат на етничките Албанци и на Ромите кај кои излезноста беше мала во првиот круг и истакна дека овој потег е за охрабрување.

Мари-Кристин Дало, шеф на делегацијата на ПССЕ изгласа дека гласањето во вториот круг било добро организирано, а гласачите како и во првиот круг можеа слободно да го направат својот избор, нагласувајќи дека изборите не се ограничени само на денот на гласањето.

Делегацијата на ПССЕ смета дека на некои проблеми што постојано се јавуваат во изборниот процес и натаму не е одговорено, особено на потребата од реформа на Изборниот законик, како и на политичкиот систем во целина, за граѓаните повторно да се вклучат и да се обезбеди нивно активно учество вез оглед на етничката припадност – рече Дало.

Подвлече дека од клучна важност е да се зајакне транспарентноста и контролата на финансирањето на изборната кампања.

Не треба да се дозволи прашањето на членство во ЕУ и НАТО да ги затскрие повторените проблеми во изборниот процес. Парламентарното собрание и Венецијанската комисија се подготвени да им помогнат на властите да ги спроведат неопходните реформи – истакна Дало.

Меѓународната мисија за набљудување на изборите во вториот круг се состои од околу 170 набљудувачи од 32 земји, вклучувајќи 156 долгорочни и краткорочни набљудувачи распоредени од ОДИХР, 11 парламентарци и службеници на ПС на ОБСЕ и пет од ПССЕ.

ФОТО: Вака се гласа во Шутка – Организирано се собираат луѓе и се носат на гласање

Забележани првите нерегуларности: Организирано носење на гласање и сомнеж за поткуп на неколку избирачки места (ФОТО)

Писмо од читател: Во Битола криминалните орди на власта го нарушуваат изборниот процес – ама ништо нема да ги спаси од пораз

МВР информира за изборни нерегуларности: Фотографирање гласачко ливче и избирачки одбор, агитирање, неовластено задржување граѓани…

Коментирај