Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2017“

0
353

Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово по единаесетти пат ги собра фотографиите на нашите и странските автори, на традиционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2017“…

Учесниците имаа можност да се престават во шест категории и тоа Портрет, Музика, Природа, Живот, Слободна црно – бела и Слободна колор.

– Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино Клуб Козјак – Куманово и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот. Традиционално ја организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, Фото Салон 2017, информира организаторот.

На натпреварот земаа учество 371 автор од 56 земји од целиот свет. Жирито во состав Боро Рудиќ (Македонија), Борислав Милановиќ (Србија) , Раша Милојевиќ (Србија) на изложбата доделија 198 награди во шест категории.

Меѓу наградените се најдоа македонските автори: Сашо Алушевски, Миладин Поповиќ, Татјана Ранташа, Виктор Налевски и Стефан Ѓорѓиевски. Исто така членовите на нашиот фото клуб, Стефан Николиќ, Цветан Гавровски и Филип Илиевски се закитија со дипломи и медали.

Отворањето на изложбата ќе биде на 30 март, четврток во Уметничката Галерија на градот Куманово во 19:30 часот.

 

Извор: cooltura.mk

Коментирај