Меѓународен натпревар со беспилотни летала во Прилеп

0
303

Викендот Прилеп и Македонија за првпат домаќини на Меѓународниот куп на најновата дисциплина во Меѓународната воздухопловна федерација. Натпревар со беспилотни летала. Учесниците од Италија, Бугарија и земјава со дроновите предизвикаа возбуда и многу внимание за овој нов спорт.

Необично, атрактивно и висока технологија. 14 натпреварувачи од Бугарија, Италија и од Македонија викендов ги покажаа своите вештини на управување со мултиротори или популарните дронови. Новата дисциплина во воздухопловните летови бара брзина, умешност и контрола. Според меѓународните правила, леталата се тешки до еден килограм и развиваат брзина од 50 киломтри на час.

„Летаат многу брзо со четири пропелери и со четири електрични ротори. Се лета по специјална траса и успешен е оној кој направи три најбрзи круга, а да не ги промаши вратите“, изјави Сотир Лазарков, меѓународен судија.

Натпреварувачите велат, ова е големо но скапо задовоство.

„Големо е задоволството, но и скапо. Леталото чини од 1.000 до 1.500 евра. Се занимавам пет години“, вели Дилон Печев, Бугарија.

„Многу сум среќна што се натпреварувам со сите овде и сакам да постигнам голми резултати во трката со дронови“, изјави Лоренца од Италија.

На Балканот е нов спорт, а Македонија и Прилеп за прв пат покажаа дека умеат да организираат ваков куп.

Желба на натпреварувачите е да стигнат на светското првенство во Јужна Кореја.

Коментирај