Меѓународен фестивал за шпанска музика и танц- Abanico

0
655

Од 24 до 26 март во Софија, Република Бугарија, ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот фестивал за шпанската музика и танц „Abanico“, соопштија од прес-центарот на општината на град Софија. Фестивалот се организира од Музичка агенција „Artvoices“ со директор Росица Јорданова, со поддршка на Секторот за едукација кон Амбасадата на Кралството Шпанија, Институтот „Сервантес“, Регион „Обориште“ на општината на град Софија и 164-тата Гимназија „Мигел де Сервантес“.

На шестото издание на фестивалот ќе учествуваат инструменталисти, пејачи, вокални групи и танчери од Бугарија, Романија, Македонија, Италија, Шпанија, Португалија, Србија, Хрватска, Молдавија и Швајцарија. Младите изведувачи ќе бидат оценувани од меѓународно жири од докажани музичари, композитори, вокални педагози и музички продуценти.

Фестивалот започнува на 24 март (денес) од 11.30 часот.  Гала концертот и наградувањето на учесниците во сите категории ќе биде на 26 март од 16.30 до 19.30 часот.

Коментирај