Мега скандал за Спасовски: МВР ја заташкало пријавата за нападот на Курто Дудуш (ДОКУМЕНТИ)

0
773

Документи од МВР на кои се прикажува како министерството го прикривало тепањето на лицето Сенат Јашар од страна на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш објави денеска порталот Економски Лидер.

Како што јавува Лидер, свиркачи ја доставиле пријавата која Јашар ја направил на 01.05.2018, во која објаснува дека бил тепан од градоначалникот Курто Дудуш. Неговиот исказ бил заведен како „Пријава“ а истиот го потпишал полицискиот службеник Панџаковски Даме.

Но, подоцна, истата пријава, била заведена како „Поплака“, форма по која МВР има можност да не реагира. Неа ја потпишал, полицискиот службеник, полицискиот службеник Волковски Љупчо.

Завчера беше објави аудио бомба, во која беше претставено 18-минутно тепање и малтретирање од страна на Курто Дудуш.

НОВА АУДИО БОМБА: 18 минути Курто Дудуш тепа и малтретира граѓанин во својата канцеларија!

Коментирај