Мбапе го „исфрли“ Роналдо од својата соба и се „залепи“ самиот себе (ФОТО)

0
303

Неодамна заврши 2018 година, па како и сите други така и фудбалерите испраќаа честитки преку социјалните мрежи.

Интересна беше онаа на Килијан Мбапе, која привлече внимание. Не поради содржината, тука немаше ништо неочекувано, туку поради позадината на фотографијата.

Познато е дека младиот суперталент е голем фан и обожавател на Кристиано Роналдо, но сега кога стигна до фудбалскиот врв изгледа идол си е самиот на себе.

Добро позната беше фотографијата од собата на Мбапе со постерите од Кристиано Роналдо, е сега постерите од Роналдо ги нема и тие се заменети со постери од – Мбапе.

Да, станува збор за монтирана фотографија, но доволно зборува за неговото денешно мислење.


View this post on Instagram

• 2018 ✅ • 2019…..❓❓❓ HAPPY NEW YEAR

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe) on

Извор: sportski.mk

Коментирај