Мажите се плашат од интелигентни жени

0
206

Иако мажите не сакаат да признаат, сепак се плашат од интелигентни жени. Тие секогаш се привлечени од жени кои ги сметаат за попаметни од нив, но тоа е уште една замка – тоа е само до одредено ниво бидејќи настапува момент кога се чувствуваат помалку мажи во нивно присуство. Ова го покажа едно ново истражување од САД.

Научниците докажале дека ако жената работи подобро од мажот, неговото чувство на гордост опаѓа. Момците попрво би избрале партнерка со потпросечна интелигенција  за сериозна врска, отколку некоја која ќе ја чувствуваат како закана. Стравот од надмоќност ги тера да донесат таква одлука.

Биле направени шест истражувања на таа тема кои опфатиле неколку стотини мажи. Резултатите покажале дека навистина ги привлекуваат жени кои се попаметни од нив, но само на одредена психолошка дистанца. 86% изјавиле дека би излегле на состанок со таква жена, но кога е блискоста во прашање, односно психолошката близина, во тој случај би одбрале партнерка која интелектуално не ја доживуваат како закана.

iStock_000014669529XSmall

Таквите жени се идеални за долга врска или брак.

Во еден дел од тестирањето, додека биле во иста просторија решавале тестови за интелигенција. Истражувачите како дел од тестирањето ги читале резултатите на глас, а потоа им поставувале прашања на мажите во врска со чувствата кои ги добиле во моментот на читањето. Најголемиот дел од нив признале дека почувствувале потреба веднаш да се дистанцираат од жените ако резултатот им бил послаб.

Заклучокот е дека сепак најголем дел од посилниот пол има проблем со жени чие интелектуално ниво е над нивното, или барем така го доживуваат самите тие.

www.hybread.mk

Коментирај