Мажите откриваат: Која е разликата помеѓу девојка за однос и девојка за сериозна врска?

0
235

Мажите се едноставни суштества, но девојките често не можат да ги разберат. Често излегуваат со некоја девојка и кога девојката помислила дека односот им се движи во добра насока, нив ги снемува откако ќе имаат односи.

Ова се одговори од неколку мажи за тоа која е разликата помеѓу девојката за однос и девојката за сериозна врска?

Еве ги нивните одговори на ова прашање:

„Прашањата. Мислам дека ако девојката ми поставува лични и поинтнимни прашања и јас и поставувам такви прашања на неа, тогаш најверојатно и двајцата сакаме нешто повеќе од однос.“

„Во најголем дел, интелигенцијата. Таа мора да има добра глава на нејзините рамена за да биде повеќе од предмет за однос.“

„За мене нема разлика. Јас одам на состаноци за да создадам пријателства кои можеби ќе вклучуваат однос.“

„Мојата надеж е дека со секоја девојка со која ќе излезам ќе бидеме барем пријатели за однос и отворен сум за идејата дека секоја од нив односот може да прерасне во врска.“

„Никогаш не сум излегувал со некоја девојка за однос. Еднаш имав авантура за време на викендот, иако ако далечината не беше фактор, најверојатно ќе бевме во врска.“

„Нема разлика на почетокот. Но, ако жената сака само однос, би продолжил да се гледам со неа, затоа што и тоа е океј.“

„Ова прашање ме прави нервозен, затоа што навистина не можам да направам разлика.“

„Не одам на состаноци за однос. Тоа е нешто коешто се случува природно помеѓу пријатели кои меѓусебно се привлекуваат.“

Коментирај