И мажите имаат целулит :)

0
822

Целулитот е состојба која се карактеризира со популарно наречената „кожа од портокал“ на поедини места од телото. Мажите обично немаат проблеми со целулитот бидејќи нивните масни ќелии поинаку се обликувани и маснотиите им се таложат на различен начин. Меѓутоа, тоа не значи дека тие не можат да го добијат. Покрај тоа, кај некои мажи целулитот се јавува на подрачјето на вратот или стомакот.

Целулитот е предизвикан од неколку фактори како што се: несоодветна исхрана, намалена физичка активност, хормонална нерамнотежа, генетски предиспозиции, пушење, стрес …

Во борбата против целулитот важно е да се избегнува: мрсната храна богата со холестерол, слатките, белиот леб, алкохолот, цигарите, кафето, безалкохолните пијалаци, конзервираната храна. Важно е да знаете дека прекумерната доза на сол ја задржува водата во телото, затоа храната не ја солете повеќе од потребното.

Не треба да се занемарува секојдневното вежбање, дури и тоа да е лесна прошетка со која се забрзува метаболизмот. Пешачењето во природа ќе ве обезбеди доволно количество на кислород кој е неопходен за телото.

Коментирај