Мажите ги дружат бившите за секс, а жените за муабет

0
899

Некои по раскинувањето „не можат да го гледаат поранешното момче или девојка”, додека други остануваат рпијатели. Еве ја причината поради која одлучуваме да бидеме пријатели со луѓето кои некогаш сме ги сакале…

За некои луѓе звучи нерационално да останат во пријателски односи со поранешните љубови, а својот став го оправдуваат со зборовите „раскинавме со причина” …

Се разбира, во какви односи ќе останеме зависи и од тоа зошто и како сме раскинале. Доколку станува збор за неверство – тука тешко дека ќе остане пријателство бидејќи целосно ти се згрозува од човекот. Но доколку се разделите на цивилизиран начин, ако едноставно повеќе нема љубов и „хемија” помеѓу вас, тогаш зошто да не бидете пријатели?

Се однесувате како зрели, одговорни личности и останувате со поранешните партнери во добри односи.

Рака на срце, ниту ова пријателство не опстанува долго време, зошто тогаш воопшто одбираме да останеме пријатели со нив? Еве ги најчестите причини.

На ова прашање дале одговор 348 волонтери, а првата причина поради која остануваме пријатели е сентиментот и фактот дека нашиот поранешен партнер е личност на која можеме да се потпреме, која се грижи (или грижела) за нас и на која ѝ значиме.

На второ место е една многу неславна причина, која истражувачите ја нарекуваат „прагматизам” а во превод значи: „тој/таа има многу пари, можам да продолжам да живеам во неговиот/нејзиниот стан” …

Третата причина зошто некои од нас се уште одржуваат пријателски односи со поранешните партнери е бидејќи се уште чувствуваат нешто за нив, други пак имаат деца заедно или пак некоја заедничка сопственост.

Друга причина е заедничкиот круг на пријатели. Двојките кои долго време биле заедно најчесто имаат заеднички пријатели, нејзиното друштво станало и нејзино и обратно па тоа е една од причините поради која сакаат да останат во добри односи – не сакаат да им биде непријатно кога ќе се најдат во исто друштво.

Конечно, како една од најчестите причини зошто ги одржуваме пријателските односи со поранешните, истражувачите го наведуваат сексот.

Откако го спровеле истражувањето, истражувачите откриле дека мажите се повеќе склони да одржуваат пријателски односи со своите поранешни девојки за „прагматизам” и секс.

Исто така и оние кои се екстровертни типови на луѓе голема е веројатноста дека ќе останат во пријателски односи за повремен секс.

Коментирај