Маслиново масло за ублажување на менструалните болки

0
471

Некои жени за време на менструалниот циклус се соочуваат со тешки болки, за кои најчесто користат лекови, бидејќи невозможно е да ги издржат.

Новите испитувања покажуваат дека менструалните болки може да се намалат со помош на маслиново масло. Одлично е за ублажување на болките и е поефикасно од голем број на лекови.

Во испитувањето вклучени биле 60 испитаници – жени на возраст од 17-30 години. Сите жени имале болен менструален циклус.
Докторите ги поделиле на 2 групи. Едната група за ублажување на болките користела лекови против болка, додека другата група во период од 2 месеца секојдневно консумирала 5 лажици екстракт од маслиново масло.
Резултатите покажале дека жените кои консумирале маслиново масло за намалување на болките, пред менструалниот циклус нивните симптоми биле значително намалени.

Mаслиновото масло има анти- воспалителна активност, како и лековите против болки, а ова не е прва студија која ги покажува позитивните придобивки.

Докторите велат дека за добри резултати потребно е секојдневно да консумирате по малку, пред да дојде до болки. Но, ако боледувате од некоја болест или ако земате лекови, прво советувајте се со доктор.

Исто така , експертите советуваат да консумираме органско маслиново масло, поради тоа што има најголема концентрација на анти-воспалителни состојки.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај