Маски за лице со пиво за кожа без брчки

0
785

Пивото има многу придобивки за здравјето и убавината на кожата на лицето. Пробајте ги овие неколку домашни рецепти за маски за лице за да добиете свеж и здрав изглед на кожата.
Благодарение на состојките во пивото како витамините од групата В , минералите и антиоксидансите се намалува појавата на акните и брчките и исто така се забавува процесот на стареењето на кожата. Нанесувајте ги маските еднаш неделно.

Маски со пиво, јогурт и мед
Во соодветен сад измешајте:
1 супена лажица пиво
1 супена лажица јогурт
1 лажичка маслиново масло
1 лажичка мед
1 белка
Измешајте ги добро сите состојки и на исчистено лице ставете ја маската да делува 10-15 минути. Измијте го лицето со млака вода и доколку е потребно нанесете хидратантен крем.

Маска со пиво и сок од лимон
2 супени лажици маслиново масло
2 супени лажици мед
1 супена лажица сок од лимон и неколку капки пиво
Измешајте ги добро сите состојки и на исчистено лице ставете ја маската да делува 10-15 минути. Измијте го лицето со млака вода.

Маски со пиво и масло од бадеми
1 жолчка
1 супена лажица пиво
5-6 капки масло од бадеми
Измешајте ги добро сите состојки и на исчистено лице ставете ја маската да делува 10-15 минути. Измијте го лицето со млака вода.

Коментирај