Маска со кисело млеко и какао за сува кожа

0
638

Киселото млеко ја подмладува кожата со тоа што ја храни и ја ексфолира. Млечната киселина содржана во оваа маска помага да се изедначи грубата и сува кожа.
Какаото одлично делува на сите видови на кожа, но особено е ефикасно за нормалната до сува кожа.
Како да ја подготвите оваа маска?
Се што треба да направите е да измешате една лажица какао со една лажица кисело млеко. Нанесете ја маската со кружни движења на кожата. Оставете ја маската да отстои околу 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Коментирај