Маск најави: Во август пристигнува целосниот автопилот во моделите од Tesla

0
382

Првиот човек на „Tesla“, Илон Маск, ги откри плановите за отпочнување на имплементација на комплетен систем за самоуправување (автопилот) во своите електрични автомобили со кој ќе се започне уште во август оваа година.

Автопилотот досега се користеше, пред сè, за подобрување на безбедноста во движење и маневрирање. Системот нуди функции како адаптивна контрола на патувањето, автоматско паркирање, предупредување за опасност и друго.

Во август оваа година. американскиот производител на електрични автомобили ќе ја лансира новата верзија на софтверот за автопилот „Tesla Version 9“, соопшти „Енгаџет“. Токму со излегување на оваа надградба ќе започне имплементацијата на комплетен автопилот во автомобилите на компанијата.

Сите електрични возила на „Tesla“, вклучително и „Model 3“, се опремени со хардверски компоненти за да работат со системот за самоуправување. Се разбира, распоредувањето на целосно опремен автопилот ќе се случува чекор по чекор.

„Тesla“, исто така, најави значително достигнување во развојот на својата инфраструктура за станици за полнење. Вкупниот број на инсталирани станици надмина 10.000. Неодамна, Маск исто така ги откри локациите на идните станици за полнење.

Извор: Таратур

Коментирај