Маратонско читање поезија на Видое Подгорец

0
740

На 24 мај 1989 година, во рамките на Саемот на Македонската книга во Скопје, писателот Видое Подгорец поставил рекорд во маратонско читање поезија. Тој цели 7 часа рецитирал стихови од своите збирки поезија Развигорче, Горско Кладенче, Сребрена школка, Над лулката, Весела Азбука, Илјада цветови, Во Солуна града сомуна, Песни за Туника и други. Подгорец имал 5 минутни одмори на секој час читање, што биле пополнети со настапи на македонски поети – гости на Детска Радост и Подгорец во маратонското рецитирање. Забележано е дека авторот на култната Белото Циганче кажал 12 564 стихови.

  • од Македонска книга на рекорди, Детска Радост 1991

Коментирај