Марадона, со капата на страна: Меси, ти не си виновен

0
231

Диего Армандо Марадона, пред два дена, имаше подолго излагање за телевизијата „ТелеСур“ во кое воглавно зборуваше за колапсот на аргентинската фудбалска репрезентација на првите два натпревари на мундијалот во Русија, но со оглед на тоа што Лионел Меси го прослави својот 31-ви роденден, легендарниот Дон Диего имаше директна порака до капитенот на „гаучосите“.

Марадона имаше можност да го тренира Меси на мундијалот во 2010 година, па потсетувајќи се на убавите времиња, му порача на Лео дека тој нема никаква вина за катастрофалните изданија на аргентинската селекција.

– Сакам да му кажам едно нешто. Ти не си воновен за ништо, ти апсолутно не си виновен за ништо. Јас те сакам како секогаш, те почитувам како секогаш. Со мене имаше исклучителен мундијал, покажа класа против сите голмани кои ги имаше за противници. За твојот роденден, ти посакувам се најдобро од срце, – порача Марадона.

Коментирај