Манчевски вдомува „партиски војници“ – Активни 247 огласи за предизборни вработувања во администрацијата

0
660

Кога министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на бизнис-секторот му ги понуди „кецашите“ од администрацијата, јавноста ја дочека информацијата со потсмев. Но, визијата на Манчевски се разобличува во последните денови од истекот на владата на СДСМ.

Во момент кога се активни околу 247 огласи, единствена лочигна причина подолг период да не биде во функција интернет-страницата на Агенцијата за администрација е формирањето партиска војска да помине далеку од очите на јавноста, да не се пријавуваат многу кандидати, а при полагањето на подобните да им бидат решени текстовите. Иако денес функционира, страницата беше во прекин од втората половина на ноември, така што не можеа да се следат огласите и преносите во живо на полагањата.

Подолго огласите можеа да се видат само во весниците или на порталите najdirabota.mk vrabotuvanje.mk и сл, а во меѓувреме сведоци сме дека Горановци и Златковци стануваа Албанци за да се вработат во државните претпријатија.

Како припадници на малцинските заедници се вработија и Калчиноски и Јанкулоски.

Најголемата иронија е МИОА, за каде има оглас за 35 вработувања, а Манчевски во секоја изјава нагласува превработеност и кратење на администрацијата.

Тура предизборни вработувања имаше пред Нова година. Овојпат дувлото е Агенцијата за катастар. Во јавниот оглас пишува дека се врабтуваат 23 државни службеници по етнички клуч: седумнаесет Албанци, по двајца Роми и Турци, еден Србин и еден од други националности.

На само десетина дена пред формирање техничка влада беа објавени десетици огласи за вработувања во МВР.

Во почетокот на ноември најмногу луѓе се вработуваа во општините, по кои следуваат министерствата, па на крајот доаѓаат и јавните установи.

ФОТО: Македонци се пишуваат Poми и Aлбaнци за да се вработат во администрација?

Коментирај