Манчевски: Намалувањето на платите е мерка за да се спаси економијата

0
409

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, во емисијата „Кликплус“ на ТВ21 истакна дека намалувањето на платите е мерка за да се спаси економијата.

„Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно, истакна Манчевски, додавајќи дека навистина ќе требаат сериозни напори за воопшто да се подели таа плата. Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации – рече Манчевски, нагласувајќи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но исто така посочи дека има и други сценарија, да трае многу подолго. Во секој случај во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси“ – истакна Манчевски.

Заев: Сите функционери, раководители и целата администрација да земаат минимална плата од 14.500 денари

Коментирај