Манасков скинал мускул и предвреме го заврши шампионатот во Франција

0
579

Дејан Манасков предвреме го завршува својот настап на Светското ракометно првенство во Франција.

Иако, првичните информации од Мец, беа смирувачки, сепак последната вели дека Манасков нема да може да го продолжи шампионатот, односно да игра на утрешнит осминафинален меч против Норвешка.

Имено, лекарски прегледи покажале дека Манасков има руптура (скинат) мускул, повреда поради која ќе мора да паузира околу два месеци.

Останува да се види дали лекарскиот тим ќе го оспособи Филип Миркуловски кој според првичните информации беше далеку понеизвесен од Манасков или пак и тој нема да може да им погне на црвено-жолтите во обидот да го остварат најдобриот пласман на Светските првенства.

Сигурно дека селекторот  Лино Червар за утрешниот меч со Норвешка во составот ќе вметне нов играч, а кој ќе добие шанса останува да се види.

Мечот меѓу Македонија и Норвешка ќе се игра утре со почеток од 16 часот.

Коментирај