Малолетно момче на мотор тешко повредено во сообраќајка во Кочани

0
515

Вчера во 15.30 часот на улица ,,Тодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило “Цитроен” со кочански регистарски ознаки управувано од В.Р.(49) од село Облешево и мотоцикл “Јамаха” управуван од 17 годишен возач.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и по укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кочани е препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коментирај