Малолетници од Врање вандализирале во кафуле – дошле газдите и ги претепале со летви

0
377

Српските медиуми вчера пренесоа снимка на која, како што тврдат, се гледа како еден полицаец и негов пријател претепуваат двајца малолетници во Врање.

Од српски „Блиц“ потврдија дека еден од напаѓачите е припадник на српската полиција.

Наводно, малолетниците пред тоа го демолирале кафулето „Гајба“, сопственост на Давор Алексиќ (припадник на српската жандармерија) и Миша Стојменовиќ. Кршеле и фрлале инвентар, им се заканувале со ножеви на вработените и ги малтретирале. Персоналот од кафулето ги повикало газдите на помош, а малолетниците побегнале во гимназискиот двор. Таму, како што пренесува „Блиц“, биле претепани од споменатите Давор и Миша.

„После увидот во видеозаписите од безбедносните камери кои се инсталирани во школото, полицијата утврди дека Давор Алексиќ од Врање, инаку припадник на жандармеријата, и Миша Стојменовиќ од Врање, визички ги нападнале оштетените, малолетните В.В. и С.Д., задавајќи им удари со раце и нозе, а Стојменовиќ со дрвена летва го удирал С.Д.“, стои во соопштението од српското обвинителство.

Обвинителството ќе побара притвор за осомничените, со цел да не влијаат врз сведоците.

Извор: taratur.mk

Коментирај