Малолетничка силувана на градскиот стадион во Виница

0
330

Шеснаесет годишно девојче од Виница вчера било силувано во 18-годишниот У.Ќ. на градскиот стадион.

-Околу 07,30 часот истата заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот, У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментирај