Малком: За Барселона сонував уште од дете

0
298

Бразилскиот фудбалер Малком изајви дека неговиот сон бил да игра за Барселона.

-Многу сум среќен, ова е нешто за што сонував уште кога бев дете. Тешко е да се дојде до клуб каков што е Барселона, па чувствувам радост. Ќе се обидам да бидам најдобар, рече Малком на претставувањето.

Малком во Барселона дојде од Бордо, а неговиот трансфер беше контроверзен, со оглед на тоа дека еден ден пред да се пресело во Каталонија, Рома објави дека го договорила неговиот трансфер.

Тој вели дека е посебно среќен што ќе игра со Лионел Меси, за кого изјавил дека е најдобар фудбалер во светот и оти од него може многу да научи.

Коментирај