И малите гради не се за потценување!

0
998

Голем дел од мажите имаат природен афинитет кон поголемите гради. Жените со помали гради сепак имаат неколку предности во споредба со оние со поголеми гради.

Еве некои од нив:

– За овие жени има богат спектар на градници, додека за другите не е така;

– Спуштањето на градите не претставува реална опасност;

– Обезбедува можност за избегнување на болки во грбот;

– Слободно може да се оди и без градник;

– Спиењето на стомак е многу пријатно.

Има многу славни личности кои не се благословени со големи гради, но сепак многу лесно ги освојуваат машките срца.

Ријана ги намами погледите на плажа во Бразил, откако се појави топлес пред стотици случајни минувачи.

„Се чувствувам навистина горда со своето тело. Тоа дека сум слаба и имам мали гради е голем бонус за мене, бидејќи така имам можност да носам различна облека. Имам пријателки, кои се прилично надарени и тие „страдаат“ од тоа што одредени работи не можат да ги облечат“, коментира со задоволство Парис Хилтон.

„Немам ништо против да ги покажувам градите, бидејќи тие се толку мали. Вистината е дека луѓето навистина не се особено заинтересирани за нив но сепак јас си ги сакам “, коментира Кира Најтли.

Мила Јововиќ е во модниот бизнис од нејзини 11 години. Никогаш не ја загрижувало тоа што има мали гради. Во „Заразно зло“ актерката демонстрира одличен сексапил, демонстрирајќи тешки движења кај борбените сцени.

За Шарлиз Терон нема што да се каже. Совршена, секси и прекрасна актерка.

Коментирај