Мали трикови за свеж здив

0
425

Непријатниот здив е појава која никој од нас не ја сака, но, сепак таа е тука, секое утро.

Последните научни истражувања потврдуваат дека сувата усна шуплина е главниот виновник за оваа појава, а не храната или хигиената.

Во текот на ноќта не зборуваме, не пиеме вода, па нормално е дека се будиме со сува уста и лош здив.

Доколку пак, поради одредени проблеми или навика често спиете со отворена уста, тогаш шансите се се поголеми дека наутро ќе имате лош здив.

Но, треба да знаете дека за секој проблем постои решение, па така и за овој.

Пред се, би требало да спиете со затворена уста и во текот на ноќта да дишете преку носот. Доколку почувствувате дека имате каков било проблем, освен обична настинка и ви е тешко да дишете на ваков начин, консултирајте со вашиот лекар.

Тоа е она што може да го направите во текот на ноќта и постојат уште неколку работи кои би требало да ги направите во текот на денот за да имате свеж здив.

Знаеме дека ги миете забите два или три пати дневно, но, што е со јазикот? Запомнете, како што ги четкате забите, така треба и јазикот доколку сакате здивот да не мириса непријатно. Не ги четкајте забите и јазикот со иста четкичка. За забите ви треба малку потврда четка за да ги отстраните сите наслаги од храната, додека за јазикот употребувајте четкичка со пократки и помеки влакни или едноставно, одберете четкичка за деца.

Пијте многу вода во текот на денот и не дозволувајте вашата уста да биде сува. Кога сте надвор од домот, секогаш имајте со себе незасладени гуми за џвакање кои ќе предизвикаат зголемено лачење на плунка, а дома, задолжителен е лимонот кој го има истиот ефект.

Не заборавајте во текот на денот да јадете многу овошје и зеленчук, бидејќи многу плодови имаат состојки кои помагаат во отстранување на лошиот здив.

Извор: www.hybread.mk

Коментирај