МАЛИ СЕКСИ ТАЈНИ: Еве како да го направите вашиот партнер среќен

0
1107
Flirty Woman in Sexy Night Wear Sitting on Bed, Image: 231075479, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: Profimedia, Stock Budget

Уживајте во водењето љубов, и усреќите го вашиот партнер,опуштите се и изборите се со комплексите и беспотребните опсесии.

Допуштете му на мажот да го сака вашето тело. Претставниците на посилниот пол не ги забележуваат мааните и тие не им пречат, особено ако жената навистина сексуално ги привлекува. Токму затоа опуштете се и препуштете му се на партнерот, фокусирајте се на допирите и бакнежите, и пред сè на неговото, а не на своето тело.

Ако сте од оние кои што го “казнуваат” партнерот со ускратување од интимноста и нежностите, тогаш немојте ниту да очекувате вашиот сексуален живот да биде добар. Блискоста е клучна состојка во врската и не би требало да ја користите како оружје во споровите.

Одбивањето на мажот се одразува на љубовта и бракот, либидото на партнерот и самодовербата, но и расположението, бидејќи тоа со сигурност ќе го изнервира.

Многу жени толку многу се опуштаат во врската што покрај својот партнер не им паѓа дури ниту на памет да се дотераат, нашминкаат и да облечат нешто провокативно. Сетете се како сте се дотерувале на почетоците на вашата врска и на почетоците кога сте воделе љубов. Од време на време покажете му на мажот дека онаа жена, која што токму тој ја засакал, сепак сè уште постои!

Коментирај