Малата на Хурем е вистинска кукла на мама

0
454

Славната турска актерка која се прослави со улогата на Хурем Султан во серијалот за Сулејман Величествениот, Мерјем Узерли, секој слободен момент во животот го поминува со нејзината ќеркичка.

Мерјем досега ја криеше малата Лара од јавноста, а деновиве конечно откри како изгледа девојчето објавувајќи заеднички фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

Обожавателите на актерката велат дека малото девојче е копија на убавата „Хурем“.

Инаку, Марјем за време на бременоста помина низ вистинска драма. Таа избега од насилниот вереник Кан Атес кој во прво се откажа од ќерката, а потоа бараше старателство. Сепак, актерката се избори и денес е единствен законски старател на малата Лара.

Извор: Таратур

Коментирај