Макрадули тврди дека инцидентот во Охис е саниран – одговорност нема

0
74

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска преку својот Фејсбук профил информираше дека инцидентот во фабриката „Охис” е целосно саниран и оти нема никаква опасност.

-По вчерашните случувања во кругот на „Охис”, денес повторно е направен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина и од Лабораторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, ангажирана од страна на судот, за надзор на процесот и начинот на кој се одвива чистењето. Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции, напиша Макрадули на Фејсбук.
Додава дека откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение.

-Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерењата од страна на Лабораторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот, пишува Макрадули.

Војската пристигна во Охис: Пoлк на единица на армијата за Нуклеарно хемиско и биолошко оружје ја caнира состојбата

Детали за несреќата во Охис: Истекла течност од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер

Алармантно: Во Охис истекува токсична материја?!

Коментирај