Македонците не трпат понижување: Експресно отстранета таблата, затоа што Александар Македонски не е дел од Хеленската историја (ФОТО)

0
460

Таблата која вчера беше поставена на споменикот „Воин на коњ“, на која пишува дека припаѓа на хеленската историја, не издржа ниту 24 часа – експресно беше отстранета.

Јавноста остро реагираше на најавата дека според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина, а на спомениците како „Воин на коњ„ и „Олимпијада“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура.

-Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ, стои на ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Наведеното на ознаките е напишано на македонски, на албански и на англиски јазик.

Инаку, поставувањето ознаки на спомениците и отстранувањето и Сонцето од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, е согласно Договорот од Преспа на кој се обврза македонската влада.

Историчарот Асани бара отстранување на „хеленските“ табли од спомениците: Тоа е историска измислица

ФОТО: По Сонцето од Кутлеш, Владата се откажа од Александар Македонски и други споменици

Коментирај