Македонците често летуваат тука, но од денеска ќе им биде страв да влезат во вода- уловен редок вид ајкула (ФОТО)

0
2201

Во близина на областа Радиме, кај Валона, во рибарските мрежи денеска e уловена ајкула долга 1,5 метaр.

-Овој вид ајкула е многу редок во водите на Јонско Море. Нејзината појава во близина на Валонскиот залив е поради климатските промени, велат рибарите.

Во мрежите на албанските рибари во последните две години уловени се над десеттина ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег. Тежната на уловените ајкули се движи од 100 до 400 килограми, а месото завршува во угостителските објекти, бидејќи важи за вистински специјалитет.

За првпат на крајот од минатиот месец туристите на плажата кај Дерми, биле изненадени кога ајкула дошла преблиску до брегот. Тие биле во морето кога им се доближила ајкулата.

Дерми е една од најубавте плажи на албанското крајбрежје, која се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона. Откако бил даден алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата и тој момент го снимиле со нивните мобилни телефони.

Коментирај