Македонското друштво „Илинден“ – Тирана почна кампања „Главата горе – Изјасни се дека си Македонец“

0
1234

Како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, македонското друштво „Илинден“ – Тирана започна медиумска кампања за подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се.

-Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

FB_IMG_1569074165951

Тој посочува дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство само на Македонците во Мала Преспа.

– Но и тие доколку решат да живеат надвор од Преспа го губат тоа право. И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но,без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава Ѓурѓај.

Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик, додава тој и нагласува дека освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија.

IMG_20190921_160146_926

Освен што ги повикуваме да се изјаснат слободно тоа што се, нагласува Ѓурѓај, ќе работиме и на зачувувањето на нашиот идентитетот, културата, традициите, историјата и обичаите.

Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци.

IMG_20190921_155719_823

Коментирај