Македонските ракометарки се подготвуваат за квалификациите за СП 2017

0
585

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за претстојниот настап во квалификациите за Светското првенство 2017 година. Македонија се наоѓа во групата 3 заедно со селекциите на Австрија, Исланд и Фарските Острови (домаќин на групата).

Селекторот Симе Симовски тренинзите ги одржува во СЦ „Јане Сандански“, а репрезентацијата за Фарските Острови ќе замине во четврток од Скопје за Истанбул преку Копенхаген до Торшавн.

– Направена е стратегија со Ракометната федерација на Македонија и ќе се обидеме да направиме резултат. Се наоѓаме во интересна група, во која како фаворити се селекциите на Австрија и на Исланд, додека енигма ни е селекцијата на Фарските Острови за која немаме никаков видео материјал.

Во првото коло Македонија во петок (2 декември) игра со домаќинот Фарски Островски, следниот ден ривал е селекцијата на Австрија и во третото коло против Исланд.

Двете првопласирани селекции ќе играат во баражот за Мундијалот.

Коментирај