Македонските млади кошаркари по вторпат подобри од Косово

0
334

Младинската репрезентација на Македонија вторпат беше подобра од селекцијата на Косово во подготвителниот период во пресрет на Европското првенство.

Македонија вчера со 68:66 го совлада Косово и ја запиша првата победа на гостински терен оваа календарска година, втора над врсниците од Косово.

Овој натпревар беше последен на младинската селекција во рамки на подготвителниот период. Во наредните два дена селекторот Мирко Петрески заедно со членовите на својот стручен штаб ќе мора да ги одбере дванаесеттемина кои ќе ги бранат боите на Република Македонија на Европското првенство (Дивизија Б) кое од 14 – 23 јули ќе се одржи во Орадеа, Романија.

Коментирај