Македонските Евреи биле депортирани од Скопје до Треблинка со директно учество на бугарските власти – 3а тоа има стотици документи

0
286

„Бугарите денес го истакнуваат тоа дека бугарскиот народ во Втората Светска Војна ги спасил бугарските Евреи. Тоа е факт и не треба да се премолчи.

Но, факт е и дека македонските Евреи биле депортирани со директно учество на бугарските власти. 3а тоа има стотици документи. Бугарите претпочитаат тоа да го премолчат.

Соседи, вистината е една и се заснова на сите факти.“

Bugaqrija-Evrei-dokumenti-3 Bugaqrija-Evrei-dokumenti-2 Bugaqrija-Evrei-dokumenti-1

Извор: Macedonia : a True Endless Story … 

Депортацијата на Евреите од Македонија претставува настан од Втората светска војна организиран од владите на фашистичка Бугарија и нацистичка Германија, со цел систематска елиминација на еврејското население од т.н. „новоослободени територии“ од страна на бугарската власт. Депортацијата на Евреите од Македонија претставува дел од депортација на Евреите од сите „новоослободени територии“ (Вардарска Македонија, Егејска Македонија, Поморавјето (Србија), и Тракија).

Сите Евреи од Македонија биле депортирани во логорот Треблинка во Полска, каде што биле задушени во гасни комори. Од Треблинка не се вратил никој. Не останал ниту еден сведок да прераскаже за стравотиите на уништувањето на еврејското население од Македонија. Документите се единствените сведоци за докажувањето на судбината на Евреите во Македонија.

Од Вардарска Македонија биле иселени над 7.000 Евреи, додека вклучувајќи ги и оние од Егејска Македонија и Тракија околу 11.400. Според податоци од октомври 1945 година, на територијата на денешна Македонија преостанале само 419 лица, чијашто заедница денес брои околу 200.

Коментирај