Македонски и српски државјани фатени при шверц на артефакти на Табановце

0
769

Полицијата спречи нов обид за шверц на вредно културно наследство од Македонија. 20 антички монети, античко копче, римски пари и 30-тина други археолошки артефакти се само дел од пленот кој еден српски и еден македоски државјанин со живеалиште во Виена се обиделе да го изнесат преку граничниот премин Табановце.
И двајцата заработија кривична пријава под сомнени за сторено кривично дело „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни рекости“.Не местото каде се пронајдени предметите на ГП Табановце, од страна на стручни лица од НУМ Куманово и двајца археолози е извршен преглед при што е констатирано дека предметите се културно наследство или природни реткости со непроценета вредност.Со претходно обезбедена судска наредба од страна на полициските службеници при СВР Струмица е извршен претрес во домот и помошните простории на С.Г. при што се пронајдени и околу два килограми непозната растителна материја и неколку стари монети и други предмети, се вели во соопштението од полицијата.Двете лица се веќе приведени и задржани во СВР Куманово каде исто така се наоѓаат и одземените артефакти. Археолошкиот музеј на Македонија во следниот период ќе изврши и проценка на оргиналноста на уметничките предмети.

gdsgfsgfd-177267

Коментирај