Македонски Манифест: Насилничките гости што ја посетуваат Македонија се погребната процесија на идентитетскиот закоп на Македонците

0
414

Граѓанската иницијатива „Македонски манифест“ преку својот Фејсбук профил испрати јавно обраќање до Македонците во Македонија со наслов: МАКЕДОНЦИТЕ – НОВИТЕ ЕВРЕИ НА ЕВРОПА

Обраќањето го пренесуваме интегрално:

Македонски народе, почитувани Македонци, ви се обраќаме само вам, а не и на другите националности, малцинства во Македонија затоа што, она што е замислено сега со кукавичкиот договор со Грција од страна на нашата/ненаша квислингшка влада, Брисел, Вашингтон, како и од некои наши соседни центри (Атина, Тирана и Софија) претставува идентитетска смрт за Македонците. Само за нив. За никој друг во Македонија. А идентитетската смрт, како што тврдат и сите антрополози беа исклучок, е најстрашната смрт што може да му се случи на еден народ, како што му се случува сега тоа на македонскиот со неговото преименување. Со тој тектонски удар, како со гилотината на Француската револуција на месје Гилотен, со еден убиствен потег му се сече идентитетската глава на Македонецот, се урива централното кубе од светиот храм на неговата генеза и автентично историско постоење меѓу народите. Им се укинува правото на Македонците, како што би рекол Гоце, за „културен натпревар“ меѓу нив, на тие кои толку многу културно-цивилизациско благо ѝ подариле, имено, на оваа сегашна безбожна Европа. Од тука таа беше, покрај другото, со мисијата на апостол Павле и на Лидија Македонката и христијанизирана, пред тоа паганска, и воведена во нововековната цивилизација по Христа. Но таа заборави сѐ и, еве, веќе повеќе од столетие и половина со разни геноцидни договори, физички геноциди и парчосувања се обидува да му стави црн крај на македонското прашање и на македонизмот. Но залудно. Нејзиниот срамен и варварски Букурешки договор од 1913 не успеа целосно. Од најголемата светска катастрофа Втората светска војна што ја предизвика, имено, Европа исплови кристализиран островот на моќниот македонски идентитет со АСНОМ, а потоа и со распадот на Југославија, по втор пат, 1990. Распад кој пак беше предизвикан од моќните европски и светски сатрапи на злото.

Сега, по неуспешните парчосувања и физички геноциди Европа на моќните (Франција, Англија, Германија) заедно со Вашингтон решиле конечно да ја реализираат својата темна страст за уништување на Македонците и македонизмот. Западниот Хитлеров мајстор на смртта, Менгеле, кој како што гледаме е сеуште жив, се досети дека таа гибел, пеплосување може многу поефикасно да се изврши со идентитетски отколку со физички геноцид. Со преименување. Тоа е новиот метод, новата демократска гасна комора на бриселската политбирократија сега со која само со еден, за нив безболен потег, ќе се усмрти идентитетски еден неколкумилениумски народ со голем цивилизациски и културолошки континуитет. Едноставно, како што е тоа замислено од западните „мајстори на смртта“ (П. Целан) со тоа ќе се избрише меморијата на Македонците, историската и културолошката, а нивниот духовен имот ќе им се раздаде на познатите хиени, кои и пред тоа безобѕирно го грабаа него: пред се Грците и Бугарите.

Оние, почнувајќи од таканаречената Охридска група (Ле Роа, Билт, Робертсон…), и другите насилнички гости од Европа и Америка што ја посетуваат сега Македонија всушност се погребната процесија на идентитетскиот закоп на Македонците. Тоа е главно вистината. Во таа мрачна процесија со нив маршира и нашата/ненаша квислингшка, петтоколонашка влада. Маршира како и тие не кон демократската божем западна цивилизација и нејзиниот НАТО чии бомбардери сеат смрт, туку кон идентитетската гробница на Македонците, стокмена во Македонија само за нив. За никој друг. Курц, Столтенберг, Меркел. Ниту еден од нив не им е наклонет на Македонците. Веројатно на некој друг во Македонија. Така, како што знаеме Австриецот Курц е заговорник за Балканот како стационар на бегалците од блискиот Исток, при што Македонија секако би била најоптоварениот за таа цел европски контејнер. Столтенберг. Зарем мисли тој дека Македонците се толку глупи и нечувствителни, та заборавиле дека неговиот НАТО истури толку многу осиромашен ураниум во наша близина, а и кај нас, притоа помагајќи го и логистички и отворено воено албанскиот тероризам против Македонците. Итн. Меркел. Само колку беше дрзок, фиреровски нејзиниот настап во Македонија, заканувајќи ни се дека засекогаш ни е затворен патот кон нејзината Европа доколку не се согласиме со промената на Името. Патем одби да се сретне и со нашиот претседател Иванов што е од нејзина страна, за жал, демонстрација на отсуство и на елементарна политичка култура. По сѐ она што го демонстрираше таа кај нас, изгледа дека е во право нашиот германски пријател Волф Ошлис, кој во едно поодамнешно интервју во „Дневник“ рече дека таа патолошки ги мрази Македонија и Србија. Тоа го вели еден доблесен Германец, пријател на Македонија, и ние по дрскиот фиреровски настап на Фрау Меркел кај нас немаше причина да не му веруваме. Лично се уверивме во тоа.

Ете, тоа е и таква е ситуацијата во која се наоѓаме, ставени во неа од бриселските и вашингтонските политбирократи, кои како алатка за тоа ги употребија и Грците и Албанците и Бугарите. Но сега најмногу сегашната петтоколонашка македонска влада. А покрај неа и многу одродени Македонци, од академици до универзитетски интелектуалци и други полтрони и платеници за туѓи интереси против својот народ. Сѐ тоа, пак, е доволно вие што не сте одродници од родот, чесни, искрени и родољубиви Македонци да пружите силен отпор. Референдумот пред вас не е перспектива, туку антиперспектива штом е смислен истиот да биде печат на идентитетската смрт на Македонците. Затоа, природно, бојкотирајте го него. Тој е прво за ваша идентитетска смрт, а дури потоа за влез во ЕУ и НАТО како живи безлични мртовци. Такви нѐ сакаат тие. Македонскиот пример на етногеноцид со идентитетска ликвидација, почитувани, покажува дека над Европа ниско надвиснале темните облаци на третиот Рајх. Нив ги влечеше како домашно наследство по себе и фрау Ангела Меркел при нејзината неодамнешна посета на Македонија. И Курц, и Столтенберг и Хан и Меркел и Могерини и Матис од Пентагон… и Охридската група на политички пробисвети, и американските сенатори што беа кај нас и уште доаѓаат да нѐ убедат дека ќе ни биде убаво како идентитетски мртовци во прегратките на безбожна Европа и смртоносните бомбардери на НАТО. Затоа и вие, како МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ и сите, непоткупливи, непотплатливи со западни пари и лаги, чесни и родољубиви Македонци пружете силен отпор на ова злосторство врз нас Македонците.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

Коментирај