Македонски Манифест: КОН ШТО СЕ ДВИЖИ МПЦ-ОА, КОН АВТОКЕФАЛНОСТ ИЛИ ВО БУГАРСКИ ПРЕГРАТКИ?

0
196

Повод, хиротонијата на новиот митрополит во Светиот Синод

Македонски манифест е збунет од последните потези на Светиот архиерејски Синод на МПЦ-ОА. МПЦ-ОА би требало да биде последниот и најцврстиот столб на македонизмот. Потклекнувањето на оваа највисока црковна институција, ќе значи крај за македонското име, идентитет и јазик. Свештенството секогаш било со народот, негов идеен и духовен водач. За жал во последно време не е така. По осамостојувањето, неочекувано се напушта овој курс. Наместо фактор на јакнење, МПЦ-ОА со своите неразумни постапки се престори во субјект кој ги слабее националните и црковните позиции. Македонски Манифест е на мислење дека некој во Синодот, очигледно добро упатен, ги следи погубните политики на власта и свесно ја турка МПЦ-ОА во туѓи прегратки. Се започна со фамозниот нишки договор во 2002 година кога побараа црква мајка во СПЦ. Лутањето продолжи со барање црква мајка во Цариградската патријаршија, па на крајот ја бараа во БПЦ. На мислење сме дека некој на овој начин ги слабее позициите на македонската држава и народ, но и на МПЦ.

Во овие судбоносни моменти кога некој со погубниот договор за добрососедство со Бугарија се обидува да не прогласи за западни Бугари со бугарски јазик, паралелно ја турка и МПЦ во бугарски прегратки. Очигледно многу добро координирано.
Господа од Синодот, престанете да го рушите достоинството на сопствената МПЦ-ОА и на македонскиот народ. Македонската црква е најстара во Европа. Во Библијата-Дела апостолски Ви е запишано дака прва христијанка во Европа е Лидија Македонката. Први цркви и црковни општини се во македонските градови Филипи, Солун и Бер. Сите три цркви во кои барате мајка црква се помлади од македонската. Онаа во Константинопол скоро три века, бугарската цели осум века, а српската е помлада дури дванаесет века. Како може да се бара од нив да ни бидат црква мајка. Апостолска црква денес нема кој да признае. Едноставно МПЦ-ОА нема можност да биде црква ќерка.

Сепак, врв на овој антимакедонизам на МПЦ е престојната хиротонија на архимандритот Партениј од Бигорскиот манастир во нов Митрополит во Синодот, закажана за 12 јупи, денот на Св. Апостоли Петар и Павле, основачите на првите цркви во Европа. Со изборот на Партениј се испраќаат многу јасени пораки. Тој е меѓу првите кој го поздрави погубниот Договор за добрососедство со Бугарија, кој денес е основна пречка за влез во ЕУ и кој е основа за негирање на македонскиот идентитет и јазик. Тој е еден од најгласните во тврдењето дека имаме долга заедничка црковна историја со братскиот бугарски народ. Точно е дека сме братски народ, но со македонскиот народ во Пиринска Македонија, кој тие не го признаваат. Со Бугарите немаме ништо заедничко, затоа што тие се народ од турко-монголско потекло. Со ова Партениј ги потврдува бугарските тези за с’штиот народ, бугарски се разбира. Охридската Архиепископија ја нарекува заедничка Егзархија, а бугарската црква за нејзин канонски наследник, повикувајќи се на Уставот на БПЦ. Како да не постои МПЦ-ОА со свој црковен устав. Ова е голем скандал за кој заслужи да биде расчинет. Наместо тоа тој е промовиран во Митрополит. Тој практично стана најголемиот промотор на бугарската државна и црковна политика.

За волја на вистината мора да се каже дека македонската и бугарската црква немаат ништо заедничко. Се работи за две цркви во две различни држави. Охридската Архиепископија е црква во рамките на Темата Бугарија, воено-администрстивна област во рамките на Византија, а не во државата Бугарија. Со овој избор МПЦ-ОА само потврди дека не води своја црковна политика, туку слепо ја следи политиката и туѓи интереси.

Македонски манифест го повикува Синодот да ги преиспита своите погубни политики во полза на туѓи интетеси и да застане зад својот македонски народ и неговите интереси. Во спротивно народот ќе дојде по своето. Бидете сигурни, по падот на оваа ненародна власт неминовно ќе уследи промена и во Синодот уште на првиот нареден црковно народен собор. Народот нема да дозволи да работите во полза на туѓи интереси.

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

Коментирај