Македонската репрезентација пристигна во Израел

0
444

Македонската фудбалска репрезентација e во Израел. Нашите репрезентативци ќе се судрат со израелската репрезентација, која на првиот натпревар во Скопје издојува победа од 1-2.

Во пресрет на овој квалификациски натпревар селекторот Ангеловски и фудбалерите ќе одработат два тренинзи во Хаифа. Првиот тренинг на „Нешар стадион“ нашата селекција ќе го има од 18.00 часот.

Додека пак вториот тренинг, составот на Ангеловски ќе работи на „Сами офер стадион“ каде ќе се одигра и саботниот меч. Македонската експедиција е сместена во хотелот „Краун Плаза“.

Коментирај