Македонска заедница во Малта ѝ понуди помош за сместување и работа на ќерката на Заев (ФОТО)

0
4285

Додека илјадници млади Македонци  од мака заминаа од земјава избирајќи ја Малта со надеж дека е земја во која ќе можат да најдат работа, ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева и нејзиното момче Иван, си ја избраа токму Малта за нивна летна дестинација за одмор и уживање.

Screenshot_21-1

Screenshot_20-1

И додека младите вљубени гулапчиња објавуваа фотографии на социјалните мрежи како уживаат на плажа во скапи коктели и пушење наргиле, каде се шетаат ( посета на селото на Попај) и како се забавуваат,  дел од македонските портали се „испотепаа“ кој прв ќе објави каде летува ќерката на Заеви!

Тоа ја испровоцира Македонска заедница на Малта, која откако дозна дека ќерката на премиерот е на островот, веднаш се јави да ѝ понуди помош за работа и сместување.

Screenshot_15-1

„Огромна чест ни претставува што Александра Заева ( ќерката на Зоран Заев ) летово решила да работи исто како и 12. 000 Македонци кои се на печалба во Малта.

Ако треба помош за сместување, работа и информација за ИД пиши,  наши сме ќе ти помогнеме 😉“ – објавија на својата Фејсбук страница членовите на Македонската заедница!

 

Коментирај