МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Несторовски ја продолжи гол серијата во Серија А

0
1571

Илија Несторовски ја продолжи голгетерската низа во италијанската Серија А, но неговиот Палермо претрпе нов пораз. Несторовски постигна гол во поразот на Палермо во Болоња со 3:1.

ilija-nestorovski-serija-a-1

Македонскиот репрезентативен напаѓач Несторовски е единственатат светла точка во тимот на Палермо оваа сезона. Несторовски во 13 коло на „Ренато Делара“ стадионот во Болоња постигна гол, за предност на Палермо, но потоа домаќинот постигна три гола за конечен триумф од 3:1.

Голот кој го постигна во Болоња е седми за Несторовски од почетокот на сезоната во Серија А. Палермо е во лоша серија од шест порази и со само шест бодови се наоѓа на претпоследното место на табелата.

ilija-nestorovski-serija-a-gol

Серија А, 13 коло:
Сампдорија-Сасуоло 3:2
Болоња-Палермо 3:1
Аталанта-Рома 2:1
Емполи-Фиорентина 0:4
Кротоне-Торино 0:2
Лацио-Џенова 3:1.

Коментирај