Македонијо напред – ВМРО-ДПМНЕ повикува на протест во среда

0
364

СДСМ изминативе година и пол ја зацрни Македонија. Оваа криминална Влада на СДСМ ги стави под контрола сите државни институции и секојдневно ги користи за остварување свои лични политички цели. Навршува точно една година од приведувањето на невини патриоти и родољуби кои на 27 април се најдоа во Собранието на Република Македонија од патриотски побуди. Невини патриоти понесени од патриотски причини и побуди, актери, глумци, оперски пејачи, режисери, уметници, пратеници, полициски службеници кои си ја извршувале професионално својата должност и сите останати граѓани година ипол го трпат изживувањето од страна на СДСМ дека организирале измислен тероризам. Овие луѓе имаат единствен грев, а тоа е што си ја сакаат државата, повикуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица на точно еден година од приведувањето на, како што велат, овие патриоти, на 28 ноември, среда идната недела, кога започнал „најмонструозниот конструиран процес во историјата на Република Македонија“.

Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија, а воедно и ги повика сите граѓани да се придружат за да се застане на патот на оваа антинародна и криминална влада предводена од СДСМ.

Извор:republika.mk

Коментирај