Македонија в среда ќе го потпише Протоколот за НАТО

0
188

Македонија официјално ќе го потпише пристапниот Протокол за влез во НАТО в среда на 6 ти февруари, јавува дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел цитирајќи извори од НАТО. На официјалната свеченост Протоколот ќе го потпише министерот за надворешни работи Никола Димитров, а земјите членки на алијансата ќе бидат претставувани од нивните амбасадори во НАТО.

Текстот за Протоколот е усвоен во таканаречената тивка процедура во понеделникот, а после церемонијата на потпишување која ќе се одржи в среда, документот ќе треба да се ратификува од секоја земја членка посебно.

Извор:republika.mk

Коментирај