Македонија поразена од Полска: Сега шансите за ЕП преку квалификациите се минимални (ВИДЕО)

0
926

Репрезентацијата на Македонија вечерва претрпе пораз од Полска и на тој начин скоро и да ги изгубивме шансите за пласман на Европското првенство во 2020 година преку квалификаците.

Полска вечерва не прикажа некоја посебна игра, меѓутоа трпеливо ги чекаа своите шанси од кои две искористија.

Во првите 45 минути Зјелински ја погоди пречката од нашиот гол, а нашата најголема закана беше преку слободниот удар на Алиоски.

Слична игра гледавме и во второто полувреме. Полска искористи две шанси, прво преку Франковски во 74-тата, а шест минути подоцна нашата мрежа ја затресе и Аркадиуш Милик.

Извор: Спортски.мк / Видео: Твитер

Коментирај