Македонија немаше сили за комплетен пресврт, пораз од Португалија во осминафиналето на СП

0
178

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години е поразена од Португалија во осминафиналето на Светското првенство, „црвено-жолтите” немаа сили за комплетен пресврт и загубија со 29-25.

По лекцијата од Јапонија во последниот натпревар од групната фаза, избраниците на Данило Брестовац вечерва одиграа машки, храбро се бореа, но во финишот снемаа сили и беа поразени од Португалија во осминафиналето на Светското првенство.

Мартин Серафимов со 9 погодоци беше прв стрелец во редовите на Македонија, а солидна партија имаше и Младеновиќ со шест погодоци.

Кадетите сега ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.

Коментирај