Македонија денес ,сончево и топло со мала локална облачност

0
104

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната температура ќе се движи од 26 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура до 19 степени, а дневната температура ќе достигне до 34 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Од вторник во попладневните часови во планинските предели ќе има и услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Коментирај